ГРУЕВСКИ ЗЕМА ДИВИДЕНДА ОД 5.000 ЕВРА: Екс премиерот добро се снајде во Будимпешта, има негова фирма која добро заработува
Објавено во: Финансии 09 Октомври, 2025 08:30
Поранешниот премиер Никола Груевски се чини дека далеку од дома се пронајде во улогата на бизнисмен, бидејќи сè уште дава консалтинг услуги на Унгарците, а неговата фирма бележи заработувачка, објави Фокус.
Компанијата I.C.I.C. Kft. Груевски ја регистрираше летото во 2021 година, на 14 јули, во селото Пецел, на 20-тина километри од Будимпешта. Седиштето е во напуштена куќа на улицата Бошкаи број 9, а тој е наведен како единствен сопственик и извршен директор.
Неговата фирма работи 4 години, а досега нема пријавено загуби.
Според поднесениот годишен извештај за минатата година, тој остварил продажба од 4,1 милиони форинти (10.500 евра), за разлика од 2023, кога имал 9.700 евра. По одбивањето на трошоците и даноците, 6.860 евра му останале како чиста добивка, од кои нешто над 5.000 евра ги подигнал како дивиденда.
Според извештајот, Груевски таму е кредитоспособен бидејќи во билансот на состојба се појавил и долг од 2,5 милиони форинти или околу 6.500 евра.
Главниот фокус на компанијата е бизнис-консалтинг, но, исто така, е лиценцирана и за трговија на големо со порцелан и производи за чистење, трговија на големо со храна, пијалаци и тутун, управување со средства, рекламирање, односи со јавност и комуникација.
Сепак во јавноста нема информации дали тој поседува некаков имот во Будимпешта.
Можеби ќе ве интересира
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра




