05 Декември, 2025
0.0478

„Групација Триглав“ лани оствари нето добивка од 73, 2 милиони евра

Објавено во: Финансии 13 Јуни, 2013 17:52

Добивај вести на Viber

Нето добивката на „Заваровалница Триглав“ во 2012 година изнесуваше 50,4 милиони евра или 15% повеќе во споредба со 2011 година. И покрај тешките услови на пазарот, „Групацијата Триглав“ во 2012 година оствари добри резултати во работењето, со нето добивка од 73,2 милиони евра, што е 54% повеќе во споредба со 2011 година. Акционерите распределија 45,5 милиони евра за исплата на дивиденди или 2 евра бруто по акција. Воедно на 38-то Годишно генерално собрание на акционери на „Заваровалница Триглав“, беа назначени нови членови на Надзорниот одбор како претставници на акционерите, а ревизорското друштво „Ернст и Јанг Ревизија“ беше назначено за вршење ревизија во „Заваровалница Триглав“ во 2013 година.  На 38-то Годишно генерално собрание, акционерите беа известени за Годишниот извештај на „Заваровалница Триглав“ и на „Групацијата Триглав“ за 2012 година, каде е вклучено и ревизорското мислење. Тие беа информирани за Годишниот внатрешен ревизорски извештај за 2012 година и за Извештајот на Надзорниот одбор, кој го проверуваше Годишниот извештај на „Заваровалница Триглав“ и на „Групацијата Триглав“ за 2012 година и даде мислење за Годишниот внатрешен ревизорски извештај за 2012 година од Одделот за внатрешна ревизија на „Заваровалница Триглав“. Добивка и пораст на капиталот во 2012 година и планови за 2013 година Г-н Андреј Слапар, претседател на Управниот одбор, ги претстави пред акционерите резултатите од работењето на матичната компанија и на „Групацијата Триглав“ во 2012 година.
И покрај тешките економски услови, добивката на ’Групацијата Триглав‘ и на ’Заваровалница Триглав‘ остварена во 2012 година беше повисока во споредба со претходната година. Нето добивката на ’Групацијата Триглав‘ во 2012 година изнесуваше 73,2 милиони евра и беше 54% повисока од нивото во 2011 година, додека нето добивката на матичната компанија достигна вкупно 50,4 милиони евра и беше 15% повисока отколку во претходната година.“
 Приносот на капитал на „Групацијата Триглав“ и на „Заваровалница Триглав“ во 2012 година повторно се зголеми. На ниво на Групацијата, повратот изнесуваше 13,8% или 4,2 процентни поени повеќе во споредба со 2011 година, што е над целното ниво за 2015 година (т.е. 12%). Само во „Заваровалница Триглав“ приносот на капитал е зголемен за 1,1 процентен поен на 10,7%, со што е поблиску до целното ниво отколку во 2011 година.   Во 2012 година, „Групацијата Триглав“ реализира 936,3 милиони евра во премии за осигурување и соосигурување или 5% помалку отколку во 2011 година, од кои матичната компанија наплати 647,6 милиони евра или 7% помалку во споредба со претходната година. Ова намалување во вкупно полисираната премија може да се припише на голем број фактори, како што се: намалената побарувачка за одредени осигурителни производи, новите случаи на стечај кај одредени фирми, намалената куповна моќ на домаќинствата, повисоката стапка на невработеност, намалениот опсег на банкарско позајмување, мерките за задржување на добри и лојални клиенти преку нова програма за лојалност на клиенти, прилагодување на цените со цел подобрување на нивната конкурентност, како и мерките за подобрување на бруто техничките резултати во поединечни класи на неживотно осигурување. Премиите беа под дополнителен притисок како резултат на систематска селекција на портфолиото, додека интензивното управување со осигурителните технички резултати кај неживотното осигурување придонесе за подобрување на коефициентот на штети. Во однос на подружниците на „Групацијата Триглав“, претседателот на Управниот одбор објасни:
„Во согласност со добрите практики на корпоративно управување, ’Заваровалница Триглав‘ редовно ги следи активностите на сите свои подружници. Доколку се утврдат неусогласености со деловниот план и со утврдените деловни стандарди, се преземаат сите потребни мерки за заштита на интересите на компанијата и на акционерите. Истовремено се продолжува со активностите насочени кон натамошен развој и консолидација на Групацијата во регионот“.  
Акционерите беа информирани за вредноста на недвижниот имот на „Gradis IPGI“ како што е објавено во нивните финансиски извештаи. Според финансиските извештаи на „Групацијата Триглав“, вредноста на овој недвижен имот со состојба 31 декември 2012 година изнесуваше 16,8 милиони евра. Во првиот квартал од 2013 година „Групацијата Триглав“ одржа високо ниво на финансиска стабилност и оствари нето добивка од 22,9 милиони евра што претставува пораст од 29,9% во споредба со односниот период во 2012 година. Нето добивката на „Заваровалница Триглав“ во првиот квартал се зголеми за 46% на 20 милиони евра. До крајот на 2013 година, „Групацијата Триглав“ планира да оствари нето добивка од 55,2 милиони евра, додека добивката пред оданочување е планирано да изнесува 68,9 милиони евра. Консолидираната бруто полисирана премија е планирано да достигне 941,1 милиони евра, а комбинираниот количник на Групацијата да изнесува 94,7%. Групацијата континуирано го следи деловното окружување, при што соодветно ги приспособува деловните цели и презема мерки за развој на деловното работење во иднина. 45,5 милиони евра за исплатата на дивиденди   Во поглед на очекуваните флуктуации во однос на адекватноста на капиталот кај животното и неживотното осигурување и очекуваната квота на инвестиции и техничките одредби за осигурување, Управниот и Надзорниот одбор, во согласност со политиката на компанијата за дивиденди, предложија распределба на дел од акумулираната добивка во износ од 22,7 милиони евра за исплата на дивиденди – 1 евро бруто по акција. За распределбата на преостанатата акумулирана добивка во износ од 74,4 милиони евра акционерите ќе одлучуваат во текот на претстојните години. Акционерите гласаа во корист на следниот контра-предлог поднесен од „Slovenska odškodninska družba“ на Генералното собрание: 45,5 милиони евра од акумулираната добивка да се распределат за исплата на дивиденди, што изнесува 2 евра бруто по акција, додека за распределбата на преостанатата акумулирана добивка во износ од 52,7 милиони евра ќе се одлучи во текот на претстојните години. Разрешување на Управниот одбор и Надзорниот одбор Управниот одбор и Надзорниот одбор на „Заваровалница Триглав“ беа распуштени на Генералното собрание за фискалната 2012 година. Ревизорското друштво „Ернст и Јанг Ревизија“ на Генералното собрание на акционери беше назначено да изврши ревизија во „Заваровалница Триглав“ за фискалната 2013 година. Промени во Надзорниот одбор Контра-предлогот за отповикување и назначување на Надзорниот одбор поднесен од акционерите на Здружението на мали акционери на Словенија беше усвоен. Според овој контра-предлог, сите шест претставници на акционерите на Надзорниот одбор, назначени на 37-то Генерално собрание на акционери одржано на 14 февруари 2013 година, беа отповикани. Наместо нив, беа назначени следниве членови на Надзорниот одбор како претставници на акционерите, со мандат од четири години, започнувајќи од 12 јуни 2013 година: Рајко Станковиќ, Марио Гобо, Дубравко Штимац, Грегор Кастелиќ, Матеј Руњак и Матија Блажиќ.    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката