ГУТЕРЕШ ПРОГЛАСЕН ЗА ПЕРСОНА НОН ГРАТА ВО ИЗРАЕЛ: Забранет му е пристап поради антиизраелска пристрасност
Објавено во: Свет 02 Октомври, 2024
Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац,
објави дека генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, нема да
има пристап до земјата. Причина за оваа драстична мерка е, според Кац,
антиизраелската пристрасност на Гутереш. Министерот Кац го прогласи Гутереш за „персона нон грата“ во
Израел, наведувајќи дека секој кој не може јасно и недвосмислено да го осуди неодамнешниот
напад на Иран врз Израел, како што тоа го направија многу земји ширум светот,
не е добредојден на израелска почва. „Секој кој не може недвосмислено да го осуди грозоморниот
напад на Иран врз Израел, како што тоа го направи речиси секоја земја во
светот, не заслужува да стапне на израелска почва“, напиша Кац на Твитер. Генералниот секретар на ОН вчера изрази загриженост за
„ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток“, повикувајќи на прекин на огнот,
но во својата изјава не го спомена директно Иран.