пишува д-р Крсте Шајноски
Гувернерот го аминува ѕидањето на долгот
Објавено во: Финансии, Колумни 26 Септември, 2016 21:01
И кога водата
(читај, долгот) е до гуша, Гувернерот Богов фаќа сигурно засолниште од
одговорноста, скривајќи се зад општите законски обврски за целите на
Централната банка, заобиколувајќи ги
реалните економски текови и остварувања во земјата.
Одговарајќи на новинарски прашања за остварливоста на буџетските проекции за наредната година тој, речиси рамнодушно, истакна дека Владата најдобро знае дали се остварливи проекциите во предложениот буџет. Како да не го интересира предвидениот буџетски дефицит и порастот на јавниот долг поради тоа, со што се доведува во прашање стабилноста на финансискиот систем. Гувернерот нагласи, „НБРМ ќе се прилагоди на секој буџет што ќе биде донесен“. Како да е сеедно каков е!
Гувернерот упорно избегнува да се конфронтира со желбите на власта. Повеќе од јасно е дека влечењето на макроекономските потези на владата сериозно ги доведуваат во прашање целите на монетарната политика. Но тоа на Богов не му пречи или можеби и му пречи, но се прави дека не разбира. Дури и во сегашнава криза, не го интересира дали и колку монетарната политика, преку стратегијата за таргетирање на девизниот курс, влијае врз растот и долгот. Ставот, дека НБРМ ќе се прилагоди на секој буџет што ќе биде донесен, Гувернерот го објасни со тоа дека „ќе ја прилагоди монетарната политика за да се остварат монетарните цели на НБРМ“.
Нема сомнение дека Гувернерот точно знае што се крие зад таквото објаснување. Само не сака за тоа јавно да зборува. Не сака ниту да спомене мерки на „внатрешна девалвација“, кои се неизбежни доколку реалните текови ја поткопуваат важечката монетарна стратегија. Знае дека ако спомене ќе треба да укаже дека одговорноста за тоа лежи во власта, во носителите на макроекономската политика. Точно знае дека урамнотежувањето на економијата, во услови на важечката монетарна стратегија, се остварува преку зголемување на каматните стапки и забавување на стопанската активност, со сите последици што произлегуваат од тоа.
А тие нималку не се безазлени. Намалувањето на инвестиционата активност, како резултат на зголемените каматни стапки серизоно ќе ја доразори и така кревката бизнис клима, со што очекувањето на идните растови дополнително се задушува, а пак сервисирањето на долговите кои се произведени со цел да се задоволат популистичките политики на власта станува се’ понедостижна цел.
Богов толку е убеден во исправноста на своето работење, што во една прилика самоуверено изјави дека стабилноста на курсот на националната валута ќе ја брани „диктаторски“. Но, дали е во право?
Гувернерот би бил наполно во право доколку остварената ценовна стабилност генерира задоволителен раст и развој во стабилни услови. Но, практиката не го покажува тоа. Зошто доследното спроведување на монетарната стратегија не ги дава развојните перформанси? Тоа е затоа што власта со зголемување на јавниот долг ги покрива последиците од ниската продуктивност на трудот и недоволната ефикасност во работењето и на фирмите и на државата. Создавањето на нов доход не и е во интерес. Прераспределбата на постојниот и’ е во фокусот. Затоа постојано го ѕида буџетскиот дефицит. И се радува што не мора да се приспособува на договорената монетарна стратегија, бидејќи не се доведува во прашање корумпирањето на гласачкото тело.
Да заклучиме. Ако нискиот буџетски дефицит и ценовната стабилност, се клучни претпоставки за изнудување на попродуктивно и поекономично работење и во фирмите и во државата, корумпираните власти немаат мотив за такво нешто. Тоа на Гувернерот треба да му е јасно. Како што досега тераат, властите се повеќе од задоволни од популистичката прераспределба што ја вршат од позајмени средства, средства кои ќе ги плаќаат идните генерации.
Значи, отстапувањето од таквата политика е невозможна мисија на актуелната владина коалиција. Тоа го знаат сите, меѓутоа, Гувернерот, како најзаинтересиран за остварување на монетарната стратегија, молчи, иако таа не ги дава очекуваните резултати. Не е јасно на што се надева, а должничката криза веќе чука на врата. Изминатите години се изјаловија неколку стратегии за фискална консолидација. Јавниот долг се приближи до 50% од БДП. Се задолжуваме со огромни кредити за враќање на стари долгови.
Зачудувачки е тоа што Богов го знае проблемот (го елаборира во статија со негова соработничка), но не се залага за негово решавање и отстранување. Последниве две-три години динамиката на растот на буџетскиот дефицит ја надмина границата од 3% од БДП и, што е уште полошо, и натаму, претежно се користи за тековна потрошувачка. Во такви услови тој не може да се надева на остварување на очекуваните резултати од актуелната монетарна стратегија, а најмалку на посакуваните структурни реформи.
Гувернерот веќе неможе да бара алиби за доследноста во остварувањето на монеатранта стратегија во вакви услови, посебно кога не се спротивставува на раскалашеното трошење на власта. Таквата свесна индиферентност ја обеснажи монетарната стратегија на таргетирање на курсот на денарот, а Гувернерот го направи соучесник во ѕидањето на јавниот долг.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





