05 Декември, 2025
0.0388

Гувернерот ќе ги преслушува банкарите еден по еден!

Објавено во: Финансии 17 Јануари, 2013 09:10

Добивај вести на Viber

Народната Банка ќе ги повикува банкарите на тет-а-тет средби. Планот за овие поединечни состаноци со претставниците на банкарските групации во земјава треба да се спроведе во првите три месеци од годинава. Банкарите пред гувернерот Димитар Богов ќе треба да одговорат на повеќе прашања што се однесуваат на развојните политики и стратегии  на банката но и за  ризиците на кои се изложени.

Овој план на НБМ за поединечни средби со банкарите е дел од “Планот за работа на Народната Банка во 2013 та година“ и во него пишува:

“Организирање средби со одредени банки во зависност од нивната големина и профил на ризичност. Запознавање со планираните активности, развојни таргети и стратегии на банките, како и ризиците на кои се изложени, преку нивна презентација од страна на самите банки“.

Средбите на релација гувернер-банкари не се непозната пракса. Гувернерот често е дел од банкарски конференции, дебати и средби на банкарите, а тие пак, традиционално, на крајот од секоја календарска година се на средба во зградата на НБРМ. Сепак, сега најавените средби се сметаат како однапред планирани во функција на стабилен банкраски систем.

Во меѓувреме, Централната Банка најавува дека и годинава  ќе ја зајакнува супервизијата врз банките, управувањето со одделни ризици како и контролата врз адекватноста на банкарскиот капитал.

Лична карта на банките и штедилниците

Од НБРМ уште една новина за банкарите.  Народната Банка ќе изработува “Лична карта“  на банките и на штедилниците. И овој проект треба да се спроведе уште во првиот квартал од оваа година. Ова значи дека ќе се формира база од документи, дозволи, решенија, меморандуми и профили на ризик кои заедно ќе бидат дел од “личната карта“ на банката

Пристапот до овие документи сепак нема да биде отворен за сите. Народната Банка ќе дефинира повеќе нивоа на доверливост,  а со тоа и ограничувања вo пристапот до документите.

Во “Планот за работа на НБМ 2013 та“ се посочува дека целта на овие нови потези и механизми на НБМ е  “Одржување стабилен и  сигурен банкарски систем “ а како резултатот треба да биде “ Јакнење на капацитетот на банкарската супервизија и регулатива како и усогласување со меѓународните супервизорски стандарди“.

 Редакција Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“