Гувернерот Славески на состанок со банките им порача да ги намалат цените на платежните услуги
Објавено во: Финансии 25 Јуни, 2025 12:05
Гувернерот на Народна банка, Трајко Славески, на денешната средба со директорите на деловните банки во Македонската банкарска асоцијација им порача да ги намалат цените, односно провизиите на платежните услуги.
По средбата гуцернерот рече дека овие приходи им носат дури 18 отсто од приходите на домашните банки и доколку поевтинат тоа ќе значи охрабрување за граѓаните помасовно да ги користат, а со тоа и ќе се намали сивата економија.
- Високите трошоци за извршување на плаќања можат да бидат бариера за користење на официјалните канали, особено кај населението со пониски примања кое во услови на ценовно недостапни услуги ќе мора да се потпира повеќе на готовина. Надоместоците за платежни услуги треба да бидат на разумно ниво - рече Славевски.
Тој порача дека треба да поевтинат надоместоците за одржување на платежна сметка за компаниите, за користење на електронско и мобилно банкарство, за плаќање платни налози во рамки на банката, меѓубанкарските плаќања во домашна валута, подигнувањето готовина на туѓи банкомаѕи, како и плаќањето со картички на продажни места кај трговците.
Славевски порача дека простор ќе се остави до есен за дискусија, по што ќе бидат донесени потребните подзаконски и законски акти доколку не се исполнат барањата. Но додаде дека секоја банка треба самостојно да ги промени ценовниците за да нема сомнежи во можно монополско договарање.
Претседателката на банкарската асоцијација Маја Стевкова - Штериева рече дека секоја банка си има свои трошоци за одржување на платежниот систем, покрај приходите што ги наплаќа.
- Поединечните цени ќе се одлучуваат индивидуално, банкарскиот сектор е транспарентен и објавува се што се однесува за цените. Треба да ги видиме и трошоците. Ние имаме сериозни расходи кај платежните услуги - смета Стевкова Штериева.А.К.
Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




