Добивај вести на Viber
По повод изјавите на хрватските политичари за акцијата „Бура“, како знак на негодување, хакерската група која се нарекува „Тесла Тим“, тврди дека срушила 200 хрватски сајтови.
Хакерската група во соопштение испратено до медиумите, дава политичка оценка на операцијата „Бура“, наведувајќи дека таа била „здружено злосторство чиј крај се уште не е дојден“.
„Нашата цел не е да шириме национална омраза, ниту етничка нетрпеливост од било каков вид“ - се вели во нивното соопштение.
Хрватска денеска ја одбележува 18-годишнината од операцијата на хрватските сили, позната како „Бура“ со која беа потиснати српските воени сили од Хрватска.