ХАРИ КОСТОВ ИМА АКЦИИ ВРЕДНИ 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА ВО КОМЕРЦИЈАЛНА - првиот човек се доближува до еден отсто од акционерскиот капитал
Објавено во: Финансии 05 Август, 2021 14:55
Првиот човек на Комерцијална банка, Хари Костов, според количината на акции што сега ги поседува во банката, се доближува до еден отсто од акционерскиот капитал.
Тој денеска купи 3.500 акции од Комерцијална банка, за што инвеститорите беа известени преку ценовно чувствителна информација на Берзата.
Јавноста се запраша колку акции вкупно во моментов поседува Хари Костов во банката, долгогодишниот прв човек, кој е всушност синоним на препознатливост на банката.
Тој денеска сам ја откри пред јавноста таа информација, потенцирајќи дека поседува 20.000 акции или 0,877 отсто од акционерскиот капитал на банката. Тоа е блиску до еден процент од акционерскиот капитал.
„И покрај тоа што согласно законската регулатива акционерските друштва немаат обврска да објавуваат состојба на акции на акционерите што поседуваат под 5 отсто од вкупниот број на акции, сепак Ве известуваме дека Г-динот Хари Костов, Главен извршен директор на Комерцијална банка, поседува 20.000 акции од Комерцијална банка, што претставува 0,877 отсто од вкупниот број акции на Банката“, се вели во информацијата испратена од банката.
Денеска една акција на Комерцијална банка досетигна просечна цена од 10.082 денари.
Или, ако Костов поседува 20.000 акции во Комерцијална банка, значи дека неговите акции во Комерцијална денеска вределе близу 202 милиони денари, или 3,28 милиони евра.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




