05 Декември, 2025
0.0331

Харпантидис: Инвестициите и одржливиот раст во фокусот на работењето на Филип Морис Интернешнл

Објавено во: Мои пари 02 Март, 2023 17:24

Добивај вести на Viber

Вчера во хотелот Александар Палас се одржа Скопскиот економски форум каде се собраа политичките и економските лидери од речиси целиот Западен Балкан. На форумот се обрати и Христос Харпантидис, регионален потпретседател за кластерот за Југоисточна Европа во Филип Морис Интернешнл.

Грчката филијала на Филип Морис Интернешнл, Папастратос минатата недела најави нова инвестиција од 200 милиони евра и дополнителни 300 нови работни места за зголемување на извозот. Харпантидис се осврна на последните инвестиции на Филип Морис Интернешнл и успешното партнерство со Тутунски комбинат Прилеп.

„Постојано водиме политички и геополитички дискусии и интеракции. Во однос на економијата, енергијата, економскиот раст и инвестициите се многу важни елементи. Филип Морис Интернешнл значително и доследно инвестира во регионот. Минатата недела најавивме трет круг инвестиции во нашата фабрика во Грција. Почетната беше 300 милиони, уште 200 милиони во 2020 година и уште еден круг за следните две години, во вредност од уште 200 милиони. Ова очигледно има влијание врз вработувањето, со околу 300 нови работни места во Грција и поттик на грчкиот извоз. Позитивните ефекти во грчката економија имаат добра аналогија и во Македонија, каде преку нашата соработка со ТКП, исто така постојано инвестираме. Успеавме да задржиме 230 вработени и да го поддржиме тутунскиот бизнис во Македонија. Ова го покажа и неодамнешната потврда од премиерот дека 2022 година беше најдобрата година во тутунската индустрија досега и воопшто добра година за локалната економија“, истакна Харпантидис.

Тој нагласи и дека инвестициите одат рака под рака со комерцијалниот прогрес и регулаторниот напредок: „Преку нашето активирање на нови категории, помогнавме да се создаде кол-центарот „Телеперформанс“ во Македонија и да се вработат 60 луѓе, како и да привлечеме многумина да го користат нашиот центар. Ова е од суштинско значење за нашата индустрија, да препознае дека има подобри решенија и подобри производи кои на крајот можат да ги заменат цигарите, со подобри алтернативи. И Грција и Македонија, заедно со некои други земји во светот, имаат ваква прогресивна регулаторна средина која овозможува општеството да се развива понатаму“.

Харпантидис ја истакна важноста од примената на одржливиот развој со цел да се постигне одржлива иднина.

„Не можеме да зборуваме за вистински раст, без да станува збор за одржлив раст. Мора да ги земеме предвид климатските промени и климатската криза, па затоа наша одговорност е како организација, но и како општествен модел да работиме на одржлив начин. Како компанија имаме многу амбициозна цел, бидејќи сакаме да ги замениме цигарите и не можеме да имаме таква цел без да се грижиме за околината, општеството и луѓето со кои работиме. На тој фронт, поставивме многу агресивна цел и многу строга еколошка цел како Филип Морис Интернешнл и по држави во однос на емисиите на јаглерод и самите фабриките. На пример, фабриката во Грција е јаглеродно неутрална од 2021 година и во наредните години сите фабрики во светот ќе бидат јаглеродно неутрални. Имаме многу агресивна цел во однос на општественото влијание, сите големи предизвици во општеството, Ковид кризата во многу земји и креиравме голем број програми и иницијативи, доста препознаени од локалните самоуправи. Истото се случува и со финансиската криза, присутни сме на сите места каде што општеството не повикува, во однос на владите, на многу начини сме приемчиви, за заложби за различност, инклузија и имаме многу строги цели за учество на жените на раководните функции“, потенцираше Харпантидис.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници