ГРЧКИОТ ФРИШОП ИМА СИЛНА КОНКУРЕНЦИЈА: Нова дестинација за потрошувачите, за сите свои бизниси Николовски во најновиот поткаст на Фактор
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2024
Во новото издание на „Бизнис муабети“ на Фактор, го запознаваме Марјан Николовски, бизнисмен од Гевгелија, кој успешно раководи со бизниси во угостителството, хотелиерството, фришоп, и игрите на среќа.
Во моментот, тој го гради „Гевгелија Сити Мол“ - импресивен објект од 12.000 квадратни метри затворен простор и дополнителни 8.000 квадратни метри за отворен простор, со инвестиција вредна околу 10 милиони евра. Според неговите зборови, овој мол ќе биде отворен следното лето како негов личен проект. Николовски истакнува дека молот ќе вклучува и дел за познатата германска компанија Хаенман, со што директно ќе се натпреварува со грчкиот фришоп.
Како партнер во казино индустријата со еден од најбогатите бизнисмени во Чешка, чие богатство се мери во милијарди, Николовски има годишен приход од 30-40 милиони евра. Тој нагласува дека казино бизнисот во Македонија е индустрија која врти околу 1,5 милијарди евра годишно.
Во продолжение, погледнете го целиот поткаст.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.