„ХЕЛЕНА“ БЕЗМИЛОСНА, УДИРА НА ФЛОРИДА СО 215 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: „Со црн маркер напишете си го името на раката за да можеме да ве идентификуваме“
Објавено во: Свет 27 Септември, 2024
Сè уште можете да се скриете од ветрот, но не и од водата,
предупреди шерифот на округот Тејлор Вејн Паџет од Флорида и испрати
предупредување.
Ураганот Хелена стигна на копно како најмоќниот ураган во историјата што ја погодил областа Биг Бенд на Флорида, со ветрови кои развиле брзина од 215 километри на час.
Досега се пријавени три смртни случаи. Официјалните лица постојано ги предупредуваа жителите на патот на бурата да ги почитуваат наредбите за задолжителна евакуација или да се соочат со услови опасни по живот.
I’m STUNNED they have not closed the Howard Frankland Bridge in Tampa Bay.
— Jeff Butera (@BayNews9Jeff) September 26, 2024
This was the live look at 3:21 with the chop from #HurricaneHelene
Please stay off the bridge! pic.twitter.com/5ZlK5AJSYW
„Ќе се одигра навистина неодржливо сценарио во крајбрежната област“, рече директорот на NHC, Мајкл Бренан, со вода што може да уништи згради и да однесе автомобили. Покачувањето на нивото на водата на места на бреговите би можело да достигне шест метри, колку што е висина на двокатна зграда.
Шерифот на округот Тејлор на Флорида, Вејн Паџет, не штеди зборови за да ја опише опасноста.
„Сите вие кои живеете во ниски области и одбивате да ги напуштите своите домови, се ставате себеси во голема опасност - може да умрете. Ако одлучите да останете, земете црн маркер и напишете го вашето име и социјален број на раката за да можеме да ве идентификуваме“, рече Паџет, според NBC News.
„Не сакам да им го кажувам ова на луѓето, но тоа ќе се случи. Старите куќи, некои од нив на брегот, едноставно нема да можат да го издржат ураганот. Сè уште можете некако да се скриете од ветрот, но не и од водата. „Тука живеам цел живот и никогаш до сега не сум бил загрижен за бура“, рекол шерифот.
Спасени маж и куче
Американската крајбрежна стража спаси маж и неговото куче кои пловеле 25 милји од брегот на островот Санибел во Флорида за време на ураганот Хелена.
Еден човек се јавил на радио каналот за вонредна состојба на морето - откако неговата едрилица долга 11 метри наиде на проблеми и почна да се полни со вода, соопшти крајбрежната стража на платформата X.
#Final The man & his dog were reportedly in good medical condition. They were brought to Southwest Florida International airport to meet with EMS. The vessel is adrift and disabled.
— USCGSoutheast (@USCGSoutheast) September 27, 2024
Recorded by a camera worn by AST2 Hudson, edited by Lt. Cmdr. Kellerman, AirSta Clearwater pic.twitter.com/3ehoIVqlLj
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.