16 Декември, 2025
0.0439

Хеликоптер на армијата се упати кон беровско каде беснее пожар

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2022 20:35

Добивај вести на Viber

Армиски хеликоптер е на пат кон беровскиот регион каде пожарот меѓу селата Митрашинци и Будинарци е надвор од контрола.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов за МИА информира дека доколку има услови хеликоптерот ќе интервенира и ќе исфрли вода над опожарените површини.

За утре најавено е дека доколку има потреба од воздух ќе се вклучат еден полициски, еден армиски хеликоптер, а доколку има потреба ќе се активира и ЕР-трактор.

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пеќевски, вели дека сите институции се ангажирани во гаснењето на овој голем пожар и во моментов со помош на дрон ќе направат снимка и проценка на тоа каде и во кој правец се движи огнената стихија бидејќи теренот е непристапен и е во планински предел. Тој ги повика и мештаните да се мобилизираат. Пожарот меѓу делчевските села Разловци и Трботилиште околу 19 часот е ставен под контрола, но се уште постои опасност ветерот да ја проблематизира состојбата и да му даде друг правец на огнот, вели за МИА портпаролот на Општина Делчево, Даниела Такева. Лани во Малешевијата имаше големи шумски пожари.

фото Фејсбук Општина Берово

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“