Хенкок: Новиот вид на коронавирус е „надвор од контрола"
Објавено во: Свет, Корона Вирус 20 Декември, 2020
Министерот за здравство на Британија, Мет Хенкок изјави денес дека новиот вид на коронавирус е „надвор од контрола".
Со тоа вели дека е непоходно затворањето на Лондон и на дел од Англија, што може да потрае сè додека не се вакцинира населението.
„Мора повторно да воспоставиме контрола, а тоа е можно само со ограничување на социјалните контакти“, изјави Мет Хенкок за Скај њуз.
Вели дека ова ќе биде тешко додека да се вакцинира населението.
Конзервативната влада на премиерот Борис Џонсон вчера прогласи карантин за Лондон и за југоистокот и дел од истокот на Англија, принудувајќи повеќе од 16 милиони жители да бидат дома и да се откажат од дружење за Божиќ.
Сите продавници кои не продаваат храна и основни потреби се затворени и забрането е патување надвор од зоните за кои е прогласен највисок степен на узбуна, било во други делови на Велика Британија или во странство. Баровите, рестораните и музеите се затворени од средата.
Новиот вид на коронавирус веќе е присутен во неколку земји.Европскиот Совет денеска организира видео расправа со 27-те земји-членки на ЕУ за ситуацијата и новите мерки во врска со информациите за новиот вид коронавирус што е откриен во Велика Британија.
фото EPA-EFE/ROGER HARRIS
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.