Hisense Energy Pro - официјален клима уред на FIFA World Cup Qatar 2022™!
Објавено во: Мои пари 15 Декември, 2022 11:59
Дали внимателно следите натпревар на светското првенство или гледате филм, атмосферата е сѐ понеизвесна, просторијата се загрева, а вие повторно на „погрешно место“ сте го ставиле далечинскиот управувач на клима уредот? Нема проблем, обратете му се на вашиот Hisense Energy Pro бидејќи ги разбира вашите команди!
Со Hisense Energy Pro нема зима бидејќи овој официјален клима уред на FIFA World Cup Qatar 2022™ќе ве грее и кога надворешната температура ќе достигне -22 степени. Со далечинскиот управувач, можете да поставите различно насочување на воздухот, нагоре и надолу во шест насоки, лево и десно во три насоки, како и неколку опции за проток на воздух кои одговараат на вашите потреби. Со својата паметна патентирана технологија AI, со само едно копче, можете да започнете интелигентно следење на воздухот, контролирајќи ја температурата, влажноста, насоката и јачината на дувањето на сеопфатен начин.
Овој паметен клима уред е придружен со персонализирана апликација Hisense ConnectLife која е компатибилна со виртуелниот асистент на Google, па можете да го користите Amazon Alexa за контрола на апликацијата. Благодарение на гласовната интеракција, можно е да се регулира температурата, да се вклучи или исклучи апаратот, како и да се постави режимот на работа.
За безгрижен сон
Иако побелените покриви, снегот и снегулките што паѓаат цела ноќ звучат филмски, тие се многу поубави кога се гледаат од топлината на вашиот дом.Додека надвор вее, можете безгрижно да спиете со Hisense Energy Pro бидејќи има дури четири режими за спиење приспособени за секоја возраст: деца, млади, возрасни, постари лица.Температурната крива ќе се прилагоди според избраниот режим.
Чувствувајте се безбедно вдишувајќи прочистен воздух
Напредната Hi-Nano технологија на Hisense го штити вашиот дом создавајќи многу висока концентрација на позитивни и негативни јони, до 1 милион/cm3, кои имаат силен оксидативен и високо реактивен ефект.Овие јони се врзуваат за површините на бактериите или вирусите, предизвикувајќи ги да ја изгубат својата активност и на крајот да ги трансформираат во безопасни молекули на вода.Француската лабораторија Texcell, глобална организација специјализирана за тестирање на вируси, покажа дека Hi-Nano може да го инхибира коронавирусот (SARS-CoV-2) за 93,54 проценти во рок од само два часа, осигурувајќи дека воздухот што го дишете е чист.
Доверливост, иновативност и ефикасност го карактеризираат овој Hisense клима уред уред.Најсовремената технологија со едноставен начин на користење ќе ги направи вашите студени денови потопли, а летните денови посвежи, додека воздухот во собите ќе биде безбеден и чист.Ако сè уште размислувате дали HisenseEnergy Pro е вистинскиот избор за вас, можете да најдете дополнителни информации за неговите перформанси на mk.hisense.com.

Можеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




