01 Ноември, 2024
0.0318

Хјуман рајтс воч: Бугарија да спроведе истрага за полициското насилство пред парламентот

Објавено во: Балкан 25 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Бугарската Влада да спроведе истрага за активностите на полицијата за време на протестите ноќта на 23 јули пред бугарскиот Парламент, во кои беа повредени 17 лица, соопшти денеска организацијата Хјуман рајтс воч. Реакцијата на организацијата за заштита на човековите права, е врз основа на исказите на претставник на Бугарскиот хелсиншки комитет, кој бил сведок на судирите и според кого, „околу 22 часот полициските сили за борба против немири, без причина ги тепале демонстрантите со палки, ги удирале со штитови и ги клоцале“. Претставничката на ХРВ за Балканот и Источна Европа, Лидија Гал, изјави дека вознемирувачките извештаи дека полицијата ги удирала демонстрантите и новинарите треба да се испитаат. - Според меѓународното право, употребата на сила од страна на силите за зачувување на редот треба да биде сразмерна и да служи за објективна и легитимна цел. Евакуацијата на зградата е законска цел и можно е да била потребна употреба на сила до одреден степен, доколку биле фрлани цврсти предмети, но извештаите за безпричинско тепање на демонстрантите, укажуваат дека имало прекумерна употреба на сила - рече Гал.

Можеби ќе ве интересира

ЗАГИНА И ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ: Се зголеми бројот на жртви во Нови Сад

ЗАГИНА И ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ: Се зголеми бројот на жртви во Нови Сад

СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Во Нови Сад загинаа 11 луѓе

СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Во Нови Сад загинаа 11 луѓе

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА ТИНЕЈЏЕРКА ОД УРНАТИНИТЕ ВО НОВИ САД: Друга жена е заглавена и со неа комуницираат за да ја извлечат

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА ТИНЕЈЏЕРКА ОД УРНАТИНИТЕ ВО НОВИ САД: Друга жена е заглавена и со неа комуницираат за да ја извлечат

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРАЛЕ ДЕКА НАТСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД Е НАПУКНАТА: Инженер даде мислење дали има пропуст и каде

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРАЛЕ ДЕКА НАТСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД Е НАПУКНАТА: Инженер даде мислење дали има пропуст и каде

НОВИ САД: Најмалку осум загинати oткако се урна натстрешница на Железничката станица

НОВИ САД: Најмалку осум загинати oткако се урна натстрешница на Железничката станица

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места