Холандски и австралиски доктори примаат бесеже вакцина

Објавено во: Свет, Корона Вирус 13 Април, 2020 06:45
Во Австралија, од денеска илјадници
медицински работници доброволно примаат бесеже вакцината, за да може во иднина
да се види дали најновите научни
сознанија навистина докажуваат дека вакцината против туберколоза во голема мера
штити и од корона вирусот. Клинички испитувања за дејството на бесеже, на околу
1000 здравствени работници веќе почна и во Холандија, а резултатите се
очекуваат за три до шест месеци. Давање на вакцината на населението не се
препорачува додека не се утврдат можни нус појави.
Најновата студија на научници од Ирска и од САД, покажува дека во државите каде се спроведува имунизација со бесеже вакцини, популацијата помалку се заразува и има помалку смртни случаи.
Иако се уште без клинички испитувања, научниците во САД и во Ирска воочиле одредени показатели според кои во државите на поранешниот комунистички блок, смртноста од Ковид 19, како и инфицирањето на населението со новиот корона вирус е значително помало од останатите земји каде во минатото немало имунизација со вакцината против ТБЦ. Такви се поранешните советски држави, сите поранешни комунистички и социјалистички држави од Источна Европа, наспроти САД, Италија, Шпанија кои сега бројат најмногу жртви од вирусот. Ова го покажува студијата на ирскиот медицински експерт Пол Хагерти кој работи со врвни епидемиолози на Универзитетот Тексас во Хјустон. „Ајриш тајмс” денеска ги пренесува зборовите на др Хегарти кој вели: Досегашната анализа преведена во бројки значи дека стапката на смртност е и до 20 пати помала. .
Вакцината бесеже штити од туберколоза, но научниците тврдат дека таа дава и други предности, пред се го јакне имунолошкиот систем за борба против респираторни заболувања, што е верификувано и од СЗО.
-Не очекувавме дека ќе видиме толку изразена разлика. Во текот на 15 дена, инциденцата на новозаразени со коронавирусот е 38 луѓе на милион жители во земјите каде се спроведува вакцинацијата со бесеже, а во државите чии здравствени системи не ја спроведуваа оваа програма, бројот на новозаразени изнесува 358 на милион жители. Стапката на смртност, пак е 4,28 на милион жители, наспроти 40 на милион жители каде нема имунизација со бесеже, вели ирскиот научник Хегарти.
Вакцинацијата против туберкулозата, во текот на 20. век постепено престана да се применува во земјите каде условите за живот се многу квалитетни, додека во помалку развиените или неразвиените држави, здравствените власти одлучија програмата да продолжи континуирано. Научникот Хегарти прави споредби меѓу Ирска и Велика. Во Ирска, Министарството за здравство ја прекина програмата во 2015 година поради општиот недостаток на вакцини, но и понатаму постои висок степен на имунитет на населението, за разлика од Велика Британија, каде вакцината била давана од 1953 до 2005 година.
Иако оваа теорија на др Хегарти за сега е само на ниво на хипотеза, тој вели дека не смеат да се занемарат епидемиолошките контрасти. Покрај споменатите, САД, Италија и Шпанија, огромна разлика постои и во Германија. Населението во поранешниот источен блок на Германија е многу по отпорно на новиот вирус, најголемиот број заразени се во западниот дел на земјата.
Во Македонија вакцинацијата со бесеже е задолжителна и се спроведува непречено. Имунолозите појаснуваат дека задолжителна активна имунизација против туберкулоза се врши со давање на една доза вакцина против туберкулоза како примовакцинација. -Вакцинација се врши на сите новородени деца, при отпуштање од родилиште. Децата кои не се родени во родилиште, се вакцинираат до навршени 2 месеци од животот. Сите невакцинирани деца до крајот на првата година од животот, се вакцинираат до навршување на 12 месеци. Вакцинацијата кај децата до 12 месеци од животот се врши без претходно туберкулинско тестирање. На сите деца со навршена една година до наполнети 14 години од животот кои претходно не биле вакцинирани, после извршено туберкулинско тестирање. Се вакцинираат само децата со негативна туберкулинска реакција. Ревакцинација против туберкулоза не се врши.
А.Б.
Можеби ќе ве интересира
ДЛАБОКО ВО РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина тврди дека погодила фабрика за дронови

ФРАНЦИЈА ЗА УКРАИНА: Не се сложуваат со изјавата на Џеј Ди Венс

(ВИДЕО) ЛУЃЕТО СЕ СОБИРААТ ВО ПАРКОВИТЕ ИЛИ ЧЕКААТ ВО ВЛЕЗОВИТЕ: Објавено е видео од повеќе локации во Турција при земјотресот

ТРАМП ДО ЗЕЛЕНСКИ: Mоже да избере мир или да ја продолжи војната уште три години пред да ја изгуби целата земја

(ВИДЕО) САБОТАЖА ИЛИ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД: Експлозија имаше во Москва

(ВИДЕО) ТУРЦИТЕ СЕ ЗАГРИЖЕНИ: Очекуваат „мегаземјотрес“, нешто за што имало предупредување од експерти

ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА НАЈОСАМЕНИ НАЦИИ: Меѓу првите е земја од соседството

УШТЕ ЕДЕН ЦРН ДЕН ВО УКРАИНА: Руски дрон погоди автобус, има загинати

ВО ЖИВО: Почна преносот на телото на папата Франциск
