ХОЛАНЃАНИТЕ ИСПЛАШЕНИ: Ги прекинаа летовите со Британија поради новиот вид мутиран коронавирус
Објавено во: Свет, Корона Вирус 20 Декември, 2020
Холандија забрани летови од Велика Британија поради новата мутација на коронавирус.
Ова важи од денеска. Забраната стапува на сила веднаш и важи до 1 јануари, соопшти владата. Холандскиот национален институт за јавно здравје и животна средина (РИВМ) препорача да се преземат мерки за да се ограничи внесувањето на оваа верзија на вирусот од Велика Британија што е можно повеќе со контролирање на патничкиот сообраќај, што доведе до владина забрана за воздушен сообраќај. Верзијата на вирусот опишана во Велика Британија веќе е идентификувана во случаен примерок во Холандија на почетокот на декември, се вели во соопштението на владата. Случајот треба дополнително да се испита за да се утврди кој е засегнат, како настанала инфекцијата и дали се познати поврзани случаи.
Велика Британија во саботата најави ново затворање за Лондон и делови на југот и истокот на Англија, загрижена за брзото ширење на новиот вид на вирусот.
Повеќе од 67.000 луѓе во Британија починаа поради компликации на коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.