16 Декември, 2025
0.0737

Хотели од Банско во цените на аранжманот покриваат и ПЦР тест: Годинава скијањето во соседството сепак слабо

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2021 07:27

Добивај вести на Viber

Пандемијата на Ковид-19 комплетно го промени начинот на живот, а поради ограничувањата комплетно се намалени и можностите за патувања – летото малкумина заминаа на одмор, зимава исто така има многу мал интерес за зимувањата во традиционално најпосетените зимски центри во соседството. Иако е добро што поради тоа нашите граѓани ги посетуваат домашните дел од граѓаните се распрашувале во агенциите за овие аранжмани. Потребата да се прави ПЦР тест најчесто е клучна причина да не се патува, а секако граѓаните и внимаваат па согласно препораките остануваат дома. Од туристичките агенции за Фактор велат имаат зимски понуди и традиционално ги нудат Копаоник и Златибор во Србија, но и Банско, Боровец, Пампорово во Бугарија.

Секоја зима токму во овие центри имаше значаен интерес и навалица од наши туристи таму. Од Фибула велат дека очекуваат можеби во февруари да има зголемен интерес за скијање во Бугарија, со оглед на тоа што таму скијачката сезона е токму тогаш, а има најави и за некои олеснувања во цените.

„Сега е послаб интересот. Имаме можности и доста понуди за Бугарија, а хотелите кои се нудат веќе прават пакети за туристите со кои во цените ќе биде вклучено и покриено и ПЦР тестирањетое, односно со платениот аранжман е платен и тестот кој се прави пред тргнувањето овде, вели Сузана Зелениковска, Фибула.

Сепак таа потврдува дека засега има мал интерес. Слично е и за центрите во Србија, иако некои граѓани од минатата недела веќе заминаа на Копаоник и Златибор. И за во Србија е потребен ПЦР тест.

Околу празниците и сега периодов некои граѓани се одлучиле да патуваат на Малдиви, во Дубаи и Хургада, но секако бројот е исклучително мал.

Агенциите почнаа да ги нудат и летните дестинации и веќе прават попусти за рана резервација.

Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис во интервју за Прототема пред три дена ги соопшти правилата за патување за време на пандемија под нови околности создадени од вакцината против Ковид-19. Министерот рече дека ќе има две категории патници - оние кои биле вакцинирани и тие кои не се. Имено вакцинираните повеќе нема да треба да бидат тестирани или ставани во карантин туку по пристигнување само ќе треба да покажат документ за вакцинација. 

За оние кои не се вакцинирани, ќе има проширени алатки за гранична контрола, а мерките ќе зависат од текот на вакцинацијата по земја, но и од текот на болеста кај секоја од нив.

ДОПОЛНЕТО

Денеска Владата извести дека премиерот Зоран Заев телефонски разговарал со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ. која го информирала премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“