26 Ноември, 2024
0.0751

Хотели примаат заразени со коронавирус за 30 евра по соба

Објавено во: Свет, Корона Вирус 13 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Хотели во Рим примаат заболени од коронавирусот. 

Тие наплаќаат 30 евра за соба. Овој трошок го покриваат регионалните власти. 

Во вообичаени времиња, хотелот „Roman Sheraton Parco de’Medici“ е преполн со деловни луѓе и туристи.

Хотелот е меѓу петнаесетте римски хотели кои примаат болни пациенти на околу 800 легла, од кои половина се веќе зафатени.

„Со денови недостасуваа болнички кревети, што предизвика наплив во службите за итни случаи“, објасни Симона Амато, директор на здравствени услуги во регионот Лацио.

Шератон, кој има базен и се наоѓа во близина на терен за голф во јужниот дел на Рим, даде на располагање 169 соби. Може да прими пациенти со симптоми, оние кои се опоравуваат и оние пациенти чија состојба не е особено загрижувачка.

Болничарот Кристијан бе сместен во Шератон откако забележал лесни симптоми. Живее со неговите родители и се плаши да не ги зарази. Вели дека собите имаат резерви на кислород, а два пати на ден персоналот ги прегледува заразените. 

Во последните 24 часа во Италија има 37.978 нови заразени и 636 починати.

Министерството за здравство на Италија објави дека досега вкупно починале 43.589 луѓе.

Владата резервирала 15.000 хотелски легла на национално ниво за пациентите со коронавирус.

Секој 60. Италијанец е заразен од Ковид-19. Власта донесе нови мерки. 

Овој викенд ќе бидат затворени сите продавници и трговски центри, освен аптеките и продавниците за храна. 

Спортските активности ќе бидат дозволени во парковите и периферните делови на градот, а забранети се собири.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПРЕМА ЛИСТА НА БУНКЕРИ: Тензиите со Русија ги натера Германците да прават список за итни засолништа

СЕ СПРЕМА ЛИСТА НА БУНКЕРИ: Тензиите со Русија ги натера Германците да прават список за итни засолништа

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД