28 Јуни, 2024
0.0283

Хотелите на „Македонијатурист“ прават профит од 5.555 евра просечно дневно!

Објавено во: Економија 15 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Од приходи од продажба кои изнесуваат 72,7 милиони денари за три месеци (период јули-септември) оваа компанија прави профит од 28,2 милиони денари. Тоа е профитна маргина од 39 отсто! Има друга таква? 

„Македонијатурист“, најголемата скопска хотелиерско-угостителска компанија има добивка од 1,5 милиони евра за првите девет месеци годинава, што значи дека просечно дневно таа компанија прави профит од 5.555 евра, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех. „Македонијатурист“ годинава во спродба со истиот период лани бележи пад на профитот за 12 отсто, а тоа во најголема мерка е резултат на пад на приходите од продажба кои се за 13 отсто пониски од истиот период лани.

Во периодот јули-септември компанијата има приходи од 72,7 милиони денари што е раст за 45 отсто во однос на приходот од продажба во првите шест месеци кои изнесувале 160,5 милиони денари. Во овој период оперативните расходи на компанијата пораснале за 58,2 милиони денари односно за 48,7 отсто, а во истиот квартал нето добивката пораснала за 28,2 милиони денари што е раст од 45,2 отсто. Согласно со очекуваното, растот на сите параметри од билансот на успех е помал од очекуваното, но тоа е очекувано и е заради фактот што овој квартал – периодот на годишни одмори е најслаб квартал за хотелско-угостителската компанија чии објекти се во Скопје, а се знае дека главниот град во лето ја намалува активноста и дека не е туристички центар. 

Значи да резимираме, од приходи од продажба кои изнесуваат 72,7 милиони денари за три месеци (период јули-септември) оваа компанија прави профит од 28,2 милиони денари. Тоа е профитна маргина од 39 отсто! Има друга таква

Оперативната добивка на компанијата во првите девет месеци е 66,4 милиони денари и во споредба со истиот период лани е пониска за 24 отсто. 

Што е добитно кај „Македонијатурист“?

Прво и најважно е тоа што компанијата нема никакви финансиски обврски спрема домашните банки. Едноставно нема кредити. Финансиските расходи на компанијата за првите девет месеци годинава изнесуваат 671.000 денари. Рака на срце има значајно зголемување од лани кога биле 230.000 денари. Но многу поважно е тоа што финансиските приходи на „Македонијатурист“ во истиот период изнесуваат 34,75 милиони денари и во споредба со лани бележат раст од 28 отсто!

„Македонијатурист“ успешно ги менаџира своите финансии, а тоа го покажуваат податоците од финансиските приходи годинава и лани. Компанијата објави дека ја менува својата инвеститорска стратегија и слободните пари не ги чува само по банки туку почна да купува акции. Во првата половина од годинава 

„Македонијатурист“ вложи 10,05 милиони денари (околу 163.000 евра) во обични акции на „Комерцијална банка“ од кои доби дивиденда повисока од 100.000 евра.

„Македонијатурист“ во свој состав ги има хотелите: „Холидеј Ин“, „Бествестерн“, „Бристол“, „Турист“, „Карпош“, „Белви“, „Јадран“ кој не работи, и „Водно“ како и ресторанот„Пивница“.  Компанијата ја водат Доне Таневски претседател на УО, генерален директор и најголем поединечен акционер, Мирјана Таневска  и Соња Бибовска – втор по големина акционер. Во акционерската структура соодносот е следен: Таневски поседува 19,18 отсто, Бибановска 11,27 отсто, а Отворениот задолжителен пензиски фонд на НЛБ банка 8,67 отсто. Во сопствен откуп се 10 отсто од акциите со право на глас.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

Нафтоводот Скопје - Солун води борба со државната бирократија пред да биде пуштен во употреба

Нафтоводот Скопје - Солун води борба со државната бирократија пред да биде пуштен во употреба