Хотелите заинтересирани за енергетската ефикасност
Објавено во: Мои пари 18 Октомври, 2016 14:55
Сопствениците и менаџерите на хотели во Македонија се запознаа со мерките за зголемување на енергетската ефикасност и со финансиските инструменти за имплементација на мерки за намалување на потрошувачката на енергија на денешната „Конференција за мерки за енергетска ефикасност и пристап до финансии за хотелиерство“, организирана преку швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост, во соработка со Министерството за економија и Делта Проект.
Амбасадата на Швајцарија го препознава потенцијалот и економските можности на туризмот во Македонија и го поддржува развојот на овој сектор преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост.

Меѓународните туристи сѐ повеќе се заинтересирани за состојбата со животната средина на дестинацијата која ја посетуваат. Сѐ повеќе туристи се во потрага по „зелени“ дестинации кои се проактивни кон прашањата на животната средина: енергетската ефикасност, управувањето со отпадот, јаглеродните емисии, зачувувањето на биодиверзитетот и водоснабдувањето.
„Енергетската ефикасност е една од стратешките определби за Владата на Република Македонија, поради што беше донесена и Стратегија за енергетска ефикасност. Според досега направените анализи и врз основа на статистичките податоци, потрошувачката на енергија во резиденцијалниотдел изнесува околу 29% од вкупната финална потрошувачка на енергија, додека на комерцијалниот сектор тоа учество е околу 13%. Што значи потрошувачката на енергија во зградите каде спаѓаат и големите угостителски објекти и хотелските комплекси изнесува повеќе од 40% од вкупната финална потрошувачка на енергија. Овој податок укажува дека потенцијалот за енергетски заштеди во овие два сектори е значителен. Во исто време, заедно со Швајцарската амбасада организираме интензивни обуки со Академијата за хотелски менаџмент за Мастер – обучувачи од Македонија, кои ќе се обучуваат во три области во хотелиерството. По завршување на обуките ќе добијат Сертификати од Академијата. Сите овие активности се во насока на развој на секторот туризам во Македонија“, потенцираше Дритон Кучи, Министер за економија.
Во Обединетото Кралство, 54% од анкетираните ја земаат в предвид екологијата пред да резервираат патување а 82% би платиле повеќе за „зелени“ услуги и продукти. Во Германија, 30% од туристите бараат да посетат зелени дестинации. Во Македонија, според истражувањето кое го спроведе Делта проект, речиси сите хотели се заинтересирани за спроведување мерки за енергетска ефикасност и воведување на систем за управување со енергија.

На конференцијата, освен хотелите, учествуваа и фирмите со Лиценца за енергетска контрола, така што беше дадена можност да се остварат контакти за соработка, што е и една од целите на програмата ИМЕ. Покрај тоа, беше промовирана и можноста за поддршка на три заинтересирани хотели за спроведување енергетска контрола и на еден хотел за спроведување на мерките за енергетска ефикасност.
Можеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




