Добивај вести на Viber
Хрватска годинава, споредено со истиот период лани, е помалку атрактивна за туристите, покажуваат податоците на хрватското Министерство за внатрешни работи.
Cпоред нив, во првите два викенда во јули дошле 340.000 странци помалку од минатата година. За намелниот број на туристи потврдуваат и податоците на претпријатието Хрватски автопатишта (ХАЦ) според кои на патиштата во таа земја минатиот викенд имало околу 40.000 возила помалку во споредба со истиот период лани.
Тоа е минус од околу два милиони хрватски куни (околу 270.000 евра) без пресметан ДДВ и се проценува дека тој недостиг најверојатно ќе се почувствува на северниот дел на Јадранот.
Статистиката, меѓутоа, говори дека во првата половина од годината во Хрватска е остварен раст од пет отсто, бидејќи се забележани 200.000 пријави за туристи повеќе од лани. Тоа најверојатно значи дека сопствениците на апартманите поуредно ги пријавуваат гостите од претходно.