26 Април, 2024
0.0333

Хронологијата на едно бегство: Нелегалниот пат на Груевски до Унгарија

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Владата на Орбан тајно го прими поранешниот македонски премиер Никола Груевски, преку Албанија, Црна Гора и Србија, во Унгарија. Будимпешта негира дека има вмешнаност во бегството, но унгарската јавност е навредена.

Осудениот екс премиер Никола Груевски, наводно, е пренесен преку Албанија, Црна Гора и Србија, во Унгарија. И со помош на унгарските власти. Аферата за бегство на Груевски ги засилува сомневањата против владата на Виктор Орбан за соучество во трговијата со луѓе и нелегално влегување во земјата.

Така, унгарската влада ги крши не само важечките закони и унгарскиот закон за азил, туку и неодамна изменетиот устав, кој со формулацијата "населување на странци", всушност, забранува миграција. Во врска со ова, унгарскиот пратеник Асос Хадази апелираше до обвинителството во Будимпешта против непознат сторител.

Според информациите од албанската и црногорската полиција, кои делумно беа потврдени од канцеларијата на Орбан, пред една недела Груевски побарал политички азил во амбасадата на Унгарија во Тирана. Во неделата (11-ти ноември) тој заминал со дипломатски автомобил за Унгарија, поминувајќи низ Црна Гора и Србија. Минатата година македонските власти го одзедоа пасошот на Никола Груевски. Во Албанија, Црна Гора и Србија тој може да се движи без пасош, но за влез во Унгарија или било која друга земја на ЕУ му треба пасош.

Како што соопши црногорската полиција, во неделата во 19:19, Груевски влегол во Црна Гора преку граничниот премин Бојаџи. Тој бил придружуван од двајца дипломати од амбасадата на Унгарија во Тирана. По промената на автомобилот во Подгорица, Груевски ја напуштил Црна Гора во 22:16 на граничниот премин Драгаково и влегол во Србија - придружуван од уште двајца други унгарски дипломати.

До овој момент српските власти не одговорија на барањето на дел од медиумите за тоа кога и како Груевски ја напуштил земјата за влез во Унгарија. Во вторникот (13-ти ноември) поранешниот македонски премиер напиша во профил на Фејсбук дека веќе се наоѓа во Унгарија.

Унгарскиот портал за новинарски истраги Atlatszo тврди дека најверојатно Груевски пристигнал во Унгарија во средата - со приватен авион од типот "Бомбардие 6000" со регистарски број OE-LEM. Во овој авион често уживаат уште унгарскиот премиер Виктор Орбан и луѓето од неговата најблиската бизнис околина. Токму во средата, по тринеделен престој на аеродромот во Виена, истиот авион ја имал лет маршрутата Виена-Будимпешта-Белград-Будимпешта. Новинарски портал признава дека Груевски бил пренесен во Унгарија токму со овој авион, а Блогот на Груевски на Фејсбук од вторникот бил за заблуда.

Унгарската Влада досега потврди само една од овие информации - дека Груевски побарал азил во унгарската амбасада во Тирана. Шефот на кабинетот на Орбан меѓутоа, категорично негира дека унгарските власти му помогнале на Груевски да избега од Македонија.

Шефот на "Односи со јавноста" на партијата на Орбан - Фидес, изјави дека Груевски е следен дома од една лева влада, која била под силно влијание на Џорџ Сорос. Американскиот милијардер од унгарско-еврејско потекло е наречен од владата на Орбан за "непријател на унгарската нација" - особено во врска со бегалците и зголемената миграција кон земјите од ЕУ.

Македонскиот премиер Зоран Заев изјави на прес-конференција во Скопје дека се надева Унгарија да ги почитува меѓународното право и да го предаде Груевски на македонските власти. Тој додаде дека се надева дека Унгарија нема да му дозволи на Груевски да избега, на пример во Турција или Русија.


Фото: Ројтерс

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица