Добивај вести на Viber
Цените на лебот и житариците во Хрватска се приближуваат на европскиот просек, покажуваат податоците на Еуростат. Граѓаните на Велика Британика и Холандија купуваат леб по пониска цена од Хрватите.
Слична е ситуацијата и со другите прехранбени производи, безалкохолни пијалоци, месо, млеко, сирење и јајца. Цените на овие производи во Хрватска, заедно со алкохолните пијалоци, се движат од 75 до 103 отсто од европскиот просек.
Лебот и житариците, во споредба до 11-те поранешни комунистички држави во средна и југоисточна Европа се поскапи само во Словенија, пренесува Индекс.хр
Храната и безалкохолните пијалоци се најскапи во Данска, а најевтини во Полска.