Добивај вести на Viber
Eдна од неколкуте меѓународни компании која се занимава со трговија на дијаманти, во текот на овој месец, преку една домашна банка ќе им понуди на хрватските граѓани да можат да купуваат, односно да инвестираат во дијаманти, пренесуваат хрватските медиуми. Дијаманти ќе можат да се продаваат на шалтери во банки, што е директна последица на влегувањето на Хрватска во Европската унија.
За новата членка да биде во согласност со правото на Европската унија, од почетокот на оваа година во Хрватска беше укинат данокот за луксуз, која досега изнесуваше 30 отсто.
Договорот за новиот банкарски производ ќе биде потпишан оваа недела, поради што ниту трговецот со дијаманти, ниту домашната банка не сакаат да го откријат својот идентитет.
Инвестициските дијаманти на хрватските клиенти ќе им бидат понудени како алтернативна форма за штедење, а конкуренција се инвестирањето на парите во популарното злато, но, исто така и недвижностите се замена за трендот во минатото на чување на парите во чорапи, под душек или во домашен сеф.
Инвестициските дијаманти како што велат експертите, не се онакви дијаманти какви што купуваат богатите каваљери на жените да ги носат на прст или околу вратот, и не можат да се купат во локална продавница за накит. Уште поважно е тоа што во иднина купувачите на такви дијаманти мора да знаат дека локален златар дефинитивно нема да сака да им ги откупи.