Хрватите масовно ја напуштаат Хрватска
Објавено во: Балкан 14 Декември, 2014 10:54
Хрватите масовно се иселуваат во други земји на Европската унија рекол економскиот аналитичар Жељко Ловринчевиќ и проценил дека оваа година земјата ја напуштиле 30 илјади лица и дека се угасиле околу 25 илјади работни места.
Хрватска, без разлика на одредениот исчекор, спроведува реформи со „чекор на полжав“, рекол тој во интервју за Хрватско радио.
Се угасија околу 25 илјади работни места, а јавниот долг е зголемен за околу 16 милијарди куни. Стандардот на граѓаните е благо намален - помеѓу 0,5 и 1 одсто, рекол Ловринчевиќ и нагласил дека „Од почетокот на мандатот на оваа Влада, тоа е околу 12 одсто реално“.
Според неговите зборови, граѓаните на Хрватска може само да сонуваат за поголем стандард, бидејќи тоа ќе се случи до 2020 година, пренесува индекс.хр.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




