Добивај вести на Viber
Хрватските граѓани, во мај оваа година, имале во банките 32 милијарди куни(4,26 милијарди евра) повеќе депозити од кредити, покажуваат официјалните податоци на Хрватска национална банка .
Вкупно домашните и девизни штедни влогови на крајот на мај изнесувале 21,33 милијарди евра, од кои 3,95 милијарди евра домашна валута и 17,38 милијарди евра во странски валути.
Според Хрватска национална банка, повеќегодишниот процес на раздолжување продолжил и кон крајот на 2012 и почетокот на 2013 година, па вкупниот долг на населението стагнирал и изнесувал помалку од 40 отсто од БДП.