ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!
Објавено во: Финансии, Балкан 16 Април, 2024 13:09
Поради високите цени на хрватското приморје, Чесите решија да ги „казнат“ Хрватите и поради оваа причина повеќе сакаат да ја изберат Италија за одмор, пишува чешкиот портал iDnes во изминатите неколку дена.
Една од главните причини зошто Чесите ги ограничија своите патувања до Јадранот беше забележително зголемување на цената на услугите, вклучително и воведувањето на такси за туширање на плажа.
- Претпоставувам дека сегашниот масовен туризам на Чешка постепено ќе се пресели на друго место - изјави експертот за туризам Станислав Зима. Соседната Италија, како и Египет, особено доаѓаат во предвид.
Традиционалните и омилени гости во Хрватска, според официјалните податоци на чешкиот државен завод за статистика, пристигнале на Јадранот во нешто помал број од вообичаено.
Според овие податоци, од Чешка има 30 илјади туристи помалку од лани. Оваа бројка е загрижувачка бидејќи 2023 година беше рекордна по бројот на туристи од Чешка кои решија својот одмор од најмалку четири дена да го поминат во Хрватска.
Од цените незадоволни се и Германците
Имено, два германски медиуми ТЗ и Меркур наведуваат дека сместувањето за туристи во Хрватска поскапело за 30 отсто. Според претседателката на Хрватското здружение за семејно сместување, Барбара Марковиќ, Хрватска е „25 отсто поскапа од конкуренцијата, не само за ноќевања, туку и за сите други релевантни понуди“, пренесува N1 Загреб.
- Хрватска сега е поскапа од Шпанија и Грција, а цените секој ден се повисоки - рече Марковиќ.
Туристите се се понезадоволни од цените на храната, а се жалат и на цените на лежалките кои можат да чинат и до 40 евра.
- Десет невкусни ќебапи, грст замрзнато месо и мало пиво ме чинат нешто помалку од 25 евра. Сметката ја заокружив на 25 евра, но дебелата сума навистина ми беше тешко на стомакот - изјави туристката од Виена, прецизирајќи дека за ќебапи платила 17,50 евра и за пиво 7 евра.
Нема повеќе да одам на одмор овде“, вели еден германски турист.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





