ХРВАТИТЕ ВАКВО НЕШТО НЕ ПАМТАТ: Недостигот на работници катастрофален, можеби шанса за вас
Објавено во: Балкан 28 Јули, 2018
Хрватска ја мачи голем проблем. Таа држава се соочува со недостиг на работна сила во туризмот без преседан.
Медиумите од регионот цитирајќи ги зборовите на министерот за туризам Гариј Капели од пред два дена кога изјавил дека следната година ќе бидат потребни уште 15 000 дполонителни работници.
„Овој недостаток ќе го надоместиме со преквалификација на оние кои се без работа, или со зголемување на дозволи за странски работници во туризмот“, рекол тој.
Туризмот е најголем поединечен сектор во хрватската економија кој го сочинува четвртина од БДП на земјата, а до 2028 би требало да изнесува скоро третина.
Недостатокот на работна сила ќе се одрази најмногу во хотели, туристички агенции, услуги на превоз...
Туристичките инвестиции во Хрватска изнесувале 7,9 милијарди куни во 2017 година односно 10,9 отсто од целокупните инвестиции. Во оваа година пораснале за 2,6 отсто.