16 Декември, 2025
0.0283

Хрватска ќе ги заштити плетените торби, Србите се налутија, ќе реагира ли Македонија?

Објавено во: Балкан 04 Март, 2014 08:14

Добивај вести на Viber

На европската забрана за користење на пластичните кеси, хрватски “Потрошувач” одговара со иницијатива за заштита на плетените торби како хрватски традиционален производ. Европскиот парламент минатиот месец повика на забрана на најопасните врсти пластика, посебно тенките пластични кеси кои најчесто се користат. И одека цела Европа бара стратегија за намалување на пластичниот отпад, најмалдата членка на ЕУ од соседтсвото се обидува оваа акција да ја пртвори во своја корист, пишува Политика. Како што пишува весникот, највлијателното хрватско здружение за заштита на потрошувачите “Потрошувач” ја повика Хрватската Влада во согласност со овие обврски не само да ја заштити околината туку и да најде работа за земјоделието така што преку парична поддршка од европските фондови ќе овозможи производство на традиционалниот хрватски производ – Logozar или ceker. Станува збор за плетена торба која главно на овие простори беше актуелна од педесетите до седумдесетите години, се додека поторшувачите наместо плетените започнаа да ги користат пластичните бесплатни кеси. Но, “Потрошувач” не само што сака да го обнови стариот занает, туку и брзо да го заштити овој производ како хрватски традиционален изворен бренд, со напомена дека овие торби се изработуваат од природен, еколошки прифатлив и антиалергиски материјал. Секако, како таков, предлагаат да се понуди на големиот европски пазар. -          Реагиравме брзо, затоа што здрават животна средина е право на секој потрошувач, а таа подразбира и производство на здрава храна. Оваа иницијатива покажува сериозност, затоа што влезот во ЕУ подразбира и да се прилагодите кон стандардите и обврските кои ви ги наложува членствот. На пример, Хрватска се обврза дека до 2015 година ќе почне со селекција и рециклирање на отпадот, вели Јадранка Коларевиќ, претседателка на здружението “Потрошувач”, потсетувајки дека идејата за производство на плетените торби е одлична, бидејки вели Европа нешто ви дава, но и вие треба да и понудите. -          Зарем пред неколку децении секое семејство немаше вакви плетени торби во кои се носеа намирниците. Јас и денес имам една таква, вели Коларевиќ. Зошто “Потрошувач” ја повикува хрватската влада на брзо усвојување на овој предлог/ Веројатно  поради тоа што не е единствената земја која ги произведува овие торби, пишува весникот. Ги има и во Србија, но и во сите околни земји, но идејата мора да се признае е одлична. И кој ќе биде првиот што ќе го регистрира и заштити овој производ како свој, ќе го има и ексклузивното право под тоа име да го понуди на европскиот пазар, кој во оваа област на големо и се враќа на природата. Тенденција во светот е враќање кон природните материјали. Трската е одличен топлотен и звучен изолатор, а во себе содржи природна киселина која ги оттргнува бубачките и комарците. Се извезува главно во западна Европа каде се користи за прокривање на кровните конструкции, за изработка на огради и настрешници на терасите. Работилниците кои работат со трска во Србија не се изненадени од идејата на хрватското здружение. Идејата велат и тие е одлична зошто навистина плетените торби се потполно природни, практични и декоративни, кои многу лесно може да ги заменат пластичните кеси. Крај за пластичните кеси? Секоја од земјите и во раки на ЕУ, но и ширум светот имаат различна политика во однсо на пластичните кеси. Данска, Ирсак и Бигарија наплаќаат данок, Белгија наплаќа средства кои ги исплаќа на фабриките за рециклажа. Во најголем дел од балканските земји се уште се делат бесплатно иако законските измени предвидуваат да се напатува нивното користење. Пластичните кеси се наплаќаат и во Франција, Германија, Португалија и Унгарија. Велика Британија планира воведување на посебен данок за нивно користење. Според проценките на ЕК, секој европски граќанин годишно во просек кориости околу 500 пластични кеси, најчсето употребувајки ги само еднаш. Истражувањето покажало дека просечниот век на користење на пластичните кеси е 12 минути. Пластичните кеси се наплатуваат и во Австралија, Индија и некои афрички држави, но и во делови од САД. Неодамна тоа го направи и Кина. Експертите се убедени дека добра алтернатива за нив се платнените или памучни кеси бидејки и ов изработката на хартиените се користат различни видови на хемикалии. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството