Добивај вести на Viber
Cоветот за електронски медиуми во Хрватска одлучи да го поништи конкурсот за доделување на концесија за четврт национален канал под образложение дека ниту една од пристигнатите понуди не би ја збогатила значително медиумската понуда во земјата.
Сите пристигнати, според претседателот на советот, ги исполнувале потребните услови за учество, но ниту една не би придонела врз плурализмот на медиумите во Хрватска, ниту пак, би ја збогатила досегашната понуда.
Советот верува дека на следниот конкурс заинтересираните ќе се погрижат и за тоа.
На последниот конкурс учествуваа Нова Тв, Супер, Канал5 и грчка Антена.