Добивај вести на Viber
Прелиминарните податоци објавени од Хрватската национална банка покажуваат дека директните странски инвестиции, во првиот квартал на 2013 година, во Хрватска, изнесуваат 460,2 милиони евра, за разлика од истиот период лани, кога тие изнесувале само 80,1 милиони евра.
Како што пренесува Хина, најголемите инвеститори во Хрватска се Австријците кои вложиле 149,5 милиони евра во првите три месеци од годинава.
По нив следуваат инвестициите од Холандија со 67,4 милиони евра, Германија со 57,7 милиони евра, Шпанија со 36,1 милиони евра и Луксембург со 34,2 милиони евра.