17 Декември, 2025
0.0690

Хрватска: Србија треба да го сфати прашањето за Шешељ

Објавено во: Балкан 28 Ноември, 2014 19:53

Добивај вести на Viber

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ ја поддржува одлуката на премиерот Зоран Милановиќ да не отпатува во Белград во знак на протест за односот на српските власти кон ослободувањето на лидерот на српските радикали Воислав Шешељ. „Ова е момен кога ораме да застанеме на топката и да кажеме дека сите пораки кои ги слушнавме од господинот Воислав Шешељ се пораки на злото и на тоа мора да реагираме. Реагираше Европскиот парламент, имаме расправа во Советот за безбедност на ОН, но тоа прашање мора да биде препознаено и во Република Србија“, вели Јосиповиќ. Според него, Хрватска има нагорен тренд во односите со сите соседи, па тој изразил надеж дека и подобрувањето на односите со Србија ќе продолжи. Одлуката на Милановиќ да не учествува на самитот на шефови на држави и влади од Централна и Источна Европа со Кина, што ќе се одржи во Белград, ја поддржа и поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор, која оцени дека станува збор за „една од ретко добрите одлуки на Милановиќ“. Според Косор, Хрватска нема за што да разговара со српскиот премиер Александар Вучиќ се додека српската Влада „јавно, јасно и прецизно не се огради од големосрпските идеи што ги шири Шешељ, како и од претензиите кон Хрватска“. Милановиќ се изјасни дека нема да оди на самитот на 16-ти декември во Белград, затоа што не е задоволен од реакцијата на српските власти на ослободувањето на Шешељ. Тој оцени дека „коректното изјаснување за овие контроверзни изјави е прашање на култура, затоа што сите тие луѓе биле исто политичко друштво во текот на 90-тите години“.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата