Добивај вести на Viber
Хрватската банка за обнова и развој доби кредит од 250 милиони евра за финансирање на проекти на мали и средни претпријатија. Ова е прв кредит кој Хрватска го добива од Европската инвестициска банка (ЕИБ) откако стана полноправна членка на ЕУ.
Соработката меѓу Хрватската банка и ЕИБ почна во 2001 година кога беше потпишан договор во износ од 10 милиони евра. Понатаму беа склучени уште два договори, во 2007 и 2008 година, во вкупен износ од 100 милиони евра, а потоа во 2009 година на Хрватска и беше одобрен кредит во износ од 250 милиони евра.
Успешната соработка меѓу ЕИБ и ХБОР продолжи и со склучување на договор за заем од 250 милиони евра во 2010 година, како и за два кредита во вкупен износ од 250 милиони евра, потпишани во текот на 2012 година.