Добивај вести на Viber
Политичкиот врв во Хрватска одлучи да штеди. Наместо во Мерцедес коли, како досега, министрите, пратениците, како и премиерот и претседателот, ќе се возат во Ауди А8, пишува Јутарњи Лист.
Овој тип на коли, на јавната набавка, понудиле пониска цена од Мерцедес за 500 долари.
Од Владата, набавката на нови автомобили, ја објаснуваат со застарениот возен парк, односно просекот на старост на службените автомобили е повеќе од 10 години, а истите имаат поминато повеќе од 200 илјади километри.
Вкупната вредност на набавката изнесува 265 милиони куни. Најдобра понуда дала компанијата Porsche leasing. Автомобилите не се блиндирани.
Возилата пристигнале во Министерството за внатрешни работи и наскоро ќе бидат подготвени за користење.