Добивај вести на Viber
На Хрватските пазари од први август ќе се воведат фискални каси, пишуваат хрватските медиуми. На ваквата мерка на владата остро реагираа пазарџиите.
Состојбата пред неколку недели кулминираше, но хрватскиот министер за финанисии, Славко Линиќ не попушти и изјави дека барања има секакви, но тие се во спротивност со законот за фискализација.
Од друга страна, продавачите проценуваат дека со фискализацијата ќе се намли прометот на пазарите за 10 до 20 %. Од претставниците на пазарџиите се надеваат дека министерот за финансии до есен ќе се предомисли или ќе воведе плаќање на паушал по квадратен метар, или некој друг модел. Најголема штета, според нив, е дека многу работни места ќе се затворат.