16 Декември, 2025
0.0426

Хрватскиот пензиски систем пред колапс: Повеќе пензионери од работници!

Објавено во: Балкан 09 Мај, 2014 20:20

Добивај вести на Viber

Хрватскиот пензиски систем се наоѓа пред колапс, а соодносот меѓу работниците и пензионерите падна под 1:1 и сега изнесува 0,88:1, објавува хрватски „Јутарњи лист“. Тоа значи дека помалку од еден вработен издржува еден пензионер. Хрватскиот министер за труд и пензиски систем Мирандо Мрсиќ оценува дека на Хрватска и се потребни дури 2,5 милиони работници за ефикасно да се исплаќа постојната маса на пензии. Податоците со кои оперира хрватското Министерство предвидуваат сооднос меѓу работниците и пензионерите од 1,2:1, но според весникот во последниот период оваа ситуација е значително влошена. Влошувањето, освен со падот на бројот на вработени, дополнително е поттикнато и со непрекинат раст на бројот на пензионери од година во година. Стареењето на популацијата се претвора во очигледен проблем, кој предизвикува сериозна неодржливост на пензискиот систем. Податоците стануваат уште поалармантни ако се знае дека до 1950 година во Хрватска за пензијата на еден пензионер работеле дури девет работници. Во 1960 година тој број е преполовен, во 70-тите соодносот стагнирал, а од тогаш постојано паѓа до сегашните 0,88:1.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата