16 Декември, 2025
0.5139

Хрватскиот суперавтомобил доби зелено светло

Објавено во: Балкан 04 Мај, 2014 12:15

Добивај вести на Viber

Со седиште во Хрватска автомобилската компанија Rimac Automobili договори инвестиција од 8 милиони евра и е на чекор од сериско производство на својот суперавтомобил. Од официјалното соопштение на компанијата, станува јасно дека инвеститорите се двајца. Првиот - Франк Јепес, е јужноамерикански претприемач со хрватски корени, кој има силна страст кон автомобилите. Бизнисменот поседува сериозна колекција ретки автомобили, меѓу кои и произведениот во само 33 примероци Ferrari 599XX. Вториот инвеститор е со седиште во Хонг Конг компанија Sinocop Resources, која се занимава со вадење и обработка на минерали и метали. Таа ќе инвестира 5 милиони евра во Rimac Automobili, за кои ќе добијат 10 отсто од хрватскиот производител. Како и дополнителни 2 милиони евра во форма на акции. И покрај позитивните вести од Rimac Automobili не се обврзуваат со рок за ставање на електричниот суперавтомобил на пазарот. Тој беше прикажан како концепт на автомобилскиот саем во Франкфурт пред две години. Автомобилот користи електричен погон, со 1088 КС и 3800 Nm. Системот овозможува забрзување од место до 100 км / час за неверојатни 2,8 секунди и максимална брзина на движење од 305 км / час ( електронски ограничена ) . Тежок 1650 килограми автомобилот користи четири електромотори, погонски насекое од тркалата. Со едно полнење на батериите достигнува 600 км . За време на премиерата на концептуална верзија беше соопштено дека серискиот модел ќе чини околу 750 000 евра.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата