Хрватските производи по влезот во ЕУ нема да се извезуваат по олеснети услови
Објавено во: Балкан 22 Јули, 2013
За Србија и Босна и Херцеговина е неприфатлив предлогот на Европската унија одредени производи од Хрватска, по нејзиниот влез во Унијата, и понатаму да се извезуваат по олеснети услови. За ова денеска се сложија министерот за надворешна и внатрешна трговија на Србија, Расим Љајиќ и министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Мирко Шаровиќ.
Тоа конректно значи дека Србија не прифаќа и понатаму по олеснети услови да увезува цигари од Хрватска, што важи и за голем број на производи од Хрватска во Босна и Херцеговина.
Двајцата министри останаа на ставовите, кои ќе ги пренесат на надлежните во ЕУ, се наведува во соопштението на Министертвото за надворешна и внатрешна трговија на Србија.