11 Декември, 2025
0.0463

„Hyundai“ во потрага по локации за нови инвестиции - остварена е средба со директорот на ТИРЗ

Објавено во: Економија 06 Ноември, 2025 06:38

Добивај вести на Viber

Претставници на брендот Hyundai при посета на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони покажаа интерес за инвестиции во Македонија. На средбата меѓу директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, со Сунгву Хонг, генерален менаџер на претставништвото за Европа на јужнокорејската компанија Hyundai Corporation Holdings, како и Иван Петровиќ, почесен конзул на Република Кореја и Драган Илиевски, финансиски директор на Фила Група било разговарано за инвестиции, при што од компанијата посочиле дека се во потрага по локации кои нудат добра инфраструктура, квалификувана работна сила и поволни услови за проширување на производствените капацитети

На средбата, чија цел беше разгледување на можностите за инвестирање во рамките на ТИРЗ, како што информираат од Дирекцијата, било дискутирано за потенцијалите кои ги нудат зоните, предностите, како и механизмите за поддршка што ги нуди државата за странските инвеститори.

Димовски, како што информираат од Дирекцијата за ТИРЗ, ги истакна можностите кои ги нудат зоните, посочувајќи дека главната цел е создавање на уште поповолна инвестициска клима, со инвестиции кои ќе донесат висока додадена вредност.

 Тој нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ е целосно посветена на обезбедување на поддршка на странските инвеститори преку ефикасни административни процеси, стабилно и предвидливо деловно опкружување, како и олеснет пристап до современа инфраструктура и квалификувана работна сила.

Претставникот на Hyundai Corporation Holdings, Сунгву Хонг, со очекување за понатамошна соработка, изрази особен интерес за Македонија како дестинација за потенцијално проширување, посочувајќи дека компанијата е во потрага по локации кои нудат добра инфраструктура, квалификувана работна сила и поволни услови за проширување на производствените капацитети, соопшти Дирекцијата за ТИРЗ.

Иако брендот HYUNDAI најчесто се поврзува со автомобилската, машинската и тешката индустрија, Hyundai Corporation Holdings го прошири своето делување и на други сегменти, меѓу кои електрониката, хардверот и иновативните технологии. 

Со тоа, компанијата активно ја унапредува вредноста и препознатливоста на брендот HYUNDAI на глобално ниво. 

Денес, портфолиото на производи вклучува домашни апарати, преносни генератори, опрема за домаќинство и индустрија, осветлување и батерии, што претставува значаен потенцијал за технолошки развој и можности за соработка.


Фото: Принтскрин/Фејсбук

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Истражување на Центарот за граѓански комуникации: Многу македонски јавни претпријатија работат со загуба

Истражување на Центарот за граѓански комуникации: Многу македонски јавни претпријатија работат со загуба

Европа има сериозен проблем, ова ќе ја поткопа економијата на долг рок

Европа има сериозен проблем, ова ќе ја поткопа економијата на долг рок

ВО РЕГИОНОТ: Се плашат дека на старост ќе бидат сиромашни и вложуваат во недвижности

ВО РЕГИОНОТ: Се плашат дека на старост ќе бидат сиромашни и вложуваат во недвижности

Дали ова е најпотценетата валута во светот?

Дали ова е најпотценетата валута во светот?

Николски: Поврзување на Коридорот 10 со Коридорот Струма во Бугарија и уште 14 големи проекти во Струмица

Николски: Поврзување на Коридорот 10 со Коридорот Струма во Бугарија и уште 14 големи проекти во Струмица

(ВИДЕО) Се пробиваат тунелите од трасата за железничката пруга кон Бугарија

(ВИДЕО) Се пробиваат тунелите од трасата за железничката пруга кон Бугарија

ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење

ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење

Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра

Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра

СОБРАНИЕТО ЌЕ ВРАБОТУВА НАД 30 ЛИЦА: се бараат соработници, преведувачи, толкувачи за плати кои почнуваат од 32 илјади денари

СОБРАНИЕТО ЌЕ ВРАБОТУВА НАД 30 ЛИЦА: се бараат соработници, преведувачи, толкувачи за плати кои почнуваат од 32 илјади денари