И Ципрас чека што ќе изгласаат македонските пратеници
Објавено во: Македонија, Балкан 19 Октомври, 2018 16:13
Грчкиот премиер, Алексис Ципрас на прес конференцијата во Брисел по завршување на активностите во рамките на Самитот на ЕУ, рече дека одблизу и со интерес ги следат случувањата во соседната земја, и дека денес е критичен ден за Договорот од Преспа.
Тој му посака успех на неговиот македонски колега, Зоран Заев.
„Денес е критичен ден за Договорот од Преспа, бидејќи го имаме првото гласање за почеток на процесот на реформи во соседната земја. Тесно и со интерес ги следиме случувањата. Сакам уште еднаш да повторам дека перспективата за отворање на процесот за уставна ревизија, што го менува уставното име е единствениот пат за нашите соседи, ако сакаат да се интегрираат во Европската унија или НАТО. Сакам да му посакам добар успех на Зоран Заев“- рече грчкиот премиер.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Алексис Ципрас објасни дека ќе ја задржи одговорноста на грчкото МНР сѐ до успешното завршување на Договорот од Преспа.
Денеска во Собранието пратениците ќе се изјаснат за уставни измени.Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




