И Црногорците сакаат влез во НАТО
Објавено во: Балкан 12 Август, 2013
Поддршката на граѓаните за влез на Црна Гора во НАТО расте од година во година, покажуваат резултатите од анкетата на „Ипсос“.
Доколку биде распишан референдум сега, 40 проценти од граѓаните би гласале „за“ влез на Црна Гора во НАТО, 39 би биле „против“, додека другите би биле неодлучни.
Со анкетата испитани се 1.029 граѓани, а излезноста на референдумот би била 60 проценти.
- Поддршката за влез на НАТО во последната година е стабилна и осцилира од еден до три отсто. Во споредба со 2009 година забележан е значителен раст на поддржувачите Црна Гора да биде дел од НАТО. Во февруари 2009 година за влез во Алијансата се изјасниле 31 отсто од испитаниците, а во најновата анкета нивниот процент е поголем за девет, изјави Марко Уљаревиќ од Ипсос