И Хан очекува Иванов да му го даде мандатот на Заев
Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2017 18:46
Со став околу мандатот и формирањето на идната Влада се јави и комесарот Јоханес Хан.
Тој очекува Владата да ја формира кандидатот на партиите кои имаат мнозинство во Собранието.
Во пишана изјава, Хан вели дека промените во демократските општества се природни, и треба да се поздрават кога се резултат на кредибилни избори.
„Прифаќањето и почитувањето на изборниот резултат, и правото на лидерите да се обидат да формираат влада, е знак на зрела демократија. Опструкцијата и поткопувањето на ваквите напори немаат место во демократскиот процес. Затоа, очекуваме сите партии да ги почитуваат демократските принципи и стандарди и да пристапат конструктивно, со цел да работат заеднички, а не да бараат можности да се поткопуваат меѓусебно.
Ваквите пристапи од минатото ја туркаат земјата во криза. Ова мора да го избегнуваат и власта и опозицијата. И власта и опозицијата имаат улога во функционирањето на демократијата“, посочува Хан во изјавата.
Тој ги повика сите релевантни фактори, вклучувајќи ги претседателот и Собранието, целосно да се придржуваат до словото и духот на Уставот и на одговорен начин „да овозможат брзо формирање влада која ќе работи на заостанатите реформи.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите




