16 Декември, 2025
0.0499

И на село може добро да се заработи!

Објавено во: Балкан 10 Декември, 2013 22:32

Добивај вести на Viber

Иако голем број од жителите на градовите едвај преживуваат работејќи на црно и барајќи постојана работа , малкумина одлучуват да се вратат на село. Надлежните најавуваат дека од следната година ќе има повеќе пари за рурален развој на Србија. Сепак, за сега ретки се работниците кои ги напуштаат компаниите за да се вратат во село за повисока заработка, јавува РТС. Душко Стојановиќ, од Срем минатото лето, по 28 години , поднесе оставка од компанијата каде што работел , бидејќи одлучил да започне производство на козјо млеко и сирење. Се започнало пред три години со купување на пет расни кози. „Кога сфатив дека за квалитетно сирење има  клиенти,  го зголемив годинава стадото на 40 кози и сериозно почнав да се бавам со производство", вели Душко . Дневно произведува 10 килограми разни сирења по цена од околу илјада динари за килограм, и има редовни клиенти .Му помага и синот Небојша. По усвојувањето на национална стратегија и програми за рурален развој , се очекува повеќе пари за рурален развој воСрбија. За овие области во буџетот на идната година се планираат околу 50 милиони евра, од кои две третини од средствата на Европската унија , ако Србија добие кандидатура за членство. „Голем број на луѓе кои работеа, останаа без работа и гледаат можност во руралните области на Србија. Тие имаат одлични услови за развој на земјоделството, туризмот и други активности. Полесно да се работи и да си свој на своето", објаснува д-р Драго Цвијановиќ од Институтот за земјоделска економија Белград. Руралните области сочинуваат 85 проценти од територијата на Србија, а во нив живее повеќе од половина од вкупното население , чија стапка на невработеност е 21 процент.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата