16 Декември, 2025
0.0670

И НАЈПРОГРЕСИВНИОТ ВОДАЧ ВО УСЛОВИ НА МЕТАСТАЗИРАНА КОРУПЦИЈА, НЕМА ШАНСИ ДА ЈА ПРИДВИЖИ ДРЖАВАТА НАПРЕД: Најчевска тврди, треда да се срушат двата бастиони

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2025 07:10

Добивај вести на Viber

Професорката Мирјана Најчевска вели дека ниту еден лидер нема да успее да ја придвижи државата напред, ако не се срушат двата бастиони на корупцијата.

Корупцијата останува рак рана на нашата држава, носи човечки жртви и го оневозможува развојот.

И најсофистицираниот и најпрогресивниот водач во услови на метстазирана корупција нема шанси да ја придвижи државата напред.

Според мене борбата со корупцијата треба да почне со рушење на двата бастиони на корупцијата на секоја власт.

Првиот бастион е правосудниот систем. Секоја власт ја разбира опасноста по себе и своите криминални дејствија доколку се реформира правосудниот систем и со сите сили и средства се бори за опстојување на овој и ваков правосуден систем.

Не ни требаат повеќе судии и повеќе јавни обвинители. 10 лоши судии и јавни обвинители не можат да заменат 1 добар судија или јавен обвинител.

- Треба да ги замениме кецарочките партиски марионети со морал на шакал со луѓе со знаење и морал.

- Ни треба ригорозен систем на избор на судии и јавни обвинители за да добиеме луѓе кои знаат и кои не подлегнуваат на партиски притисоци.

- Ригорозен систем на казнување на најмала грешка со забрана за вршење на било каква дејност поврзана со право и конфискација на имот.

- Ни треба мала избрана група судии и јавни обвинители кои ќе го пробијат патот.

Вториот батсион на корупцијата е администрацијата. Секоја власт со сите сили и средства го штити системот на партизирана администрација, наполнета со кецароши.

- Ни треба независна и моќна агенција за администрација која единствена ќе може да вработува и отпушта.

- Ни треба ригорозен мерит систем кој нема да се базира на никава правична застапеност и етнички проценти. Единствен етнички коректив смее да биде кога се бира меѓу два кандидати кои еднакво ги исполнуваат условите.

- Ни требаа високо наградени администратори кои ќе бидат казнети и за најмал знак на корупција.

- Ни треба мала и ефикасна администрација која се потпира на сите алатки на современиот технолошки развој.

Ете, според мене од тука треба да се почне со борбата со корупцијата“, напиша таа.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“