08 Декември, 2024
0.0270

Во Кочани утре за родителите ќе се одржи работилница на „Макпетрол“ против врсничко насилство

Објавено во: Мои пари 04 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Едукативна работилница за врсничко насилство, наменета за родители, утре (вторник, 5 ноември), ќе се одржи во младинската канцеларија „МКЦ” во Кочани. Почетокот е закажан за 18 часот, а настанот е дел од „Крени глас против врсничко насилство“, општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Средбата е отворена за сите заинтересирани и од Виница и од Берово, како и од другите населени места во овие општини кои што се приклучија и ја поддржаа кампањата на македонската компанија.

Оваа едукативна средба, како и претходно одржаните три, ќе ја предводи актерот Сашко Коцев. Стручниот аспект на проблемот ќе биде претставен и за него искуства ќе сподели психологот Деспина Стојановска, која во претходниот дел од кампањата на оваа тема имаше работилници со учениците низ цела Македонија. Утре во Кочани ќе учествуваат и претставници на стручните служби од општинските основни училишта.

Изминатава година ученици во над 150 училишта се здобија со знаења за булингот преку работилниците овозможени од „Макпетрол“. Според неофицијални проценки, помеѓу 35,000 и 45,000 деца беа дел од овие едукативни средби. Општествено одговорната кампања на компанијата ја поддржаа и во неа активно се приклучија 26 општини со цел да дадат придонес во решавањето на овој проблем што сериозно ги засега младите генерации.

Како носечки дел на кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“, интернет-страницата kreniglas.mk содржи најразлични информации и знаења за булингот. Освен за младите, на овој вебсајт се достапни и едукативни прирачници наменети за наставници и за родители, како клучни лица кои што можат да помогнат при препознавањето и при решавањето на случаите со врсничко насилство. На оваа интернет-страница, исто така, секој може анонимно да ја сподели личната приказна, а преку интерактивен квиз може да открие какви познавања има на темата.

„Макпетрол“ со кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ реализира еден од своите долгогодишни стратешки приоритети, а тоа е општествената одговорност. Низ повеќедецниското постоење компанијата иницира или поддржува проекти со кои се обезбедува поддршка на заедницата. Значаен дел од општествено одговорните активности на „Макпетрол“ и во иднина ќе бидат младите генерации.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Инженери од МАКО СИГРЕ ја посетија биогасната електрана Сарамзалино

Инженери од МАКО СИГРЕ ја посетија биогасната електрана Сарамзалино

„Макпетрол“ го освои 50 медал на најсилните карате натпреварувања

„Макпетрол“ го освои 50 медал на најсилните карате натпреварувања

Фероинвест и ЕМС споделуваат искуства со германски компании за модернизации во приватниот енергетски сектор

Фероинвест и ЕМС споделуваат искуства со германски компании за модернизации во приватниот енергетски сектор

Ивица Карапетров, заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол: Усогласувањето со ЕСГ стандардите е наша стратешка определба за современ развој и напредок

Ивица Карапетров, заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол: Усогласувањето со ЕСГ стандардите е наша стратешка определба за современ развој и напредок

Нова група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва

Нова група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва

Златен медал за Стојановиќ од „Макпетрол“ на светската младинска карате лига во Венеција

Златен медал за Стојановиќ од „Макпетрол“ на светската младинска карате лига во Венеција

Се прашувате што да подарите за новогодишните празници? Што велите за подарок ваучери од dm?

Се прашувате што да подарите за новогодишните празници? Што велите за подарок ваучери од dm?

Енергетска стабилност и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации - Формирана Комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Енергетска стабилност и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации - Формирана Комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Не очекува нов бран на поскапување на кафето!

Не очекува нов бран на поскапување на кафето!