А1 Business Ultra за бизнис корисници

Објавено во: Мои пари 04 Ноември, 2024 11:32
Модерни дигитални решенија, голем број ИКТ-производи се само дел од услугите без кое една модерна компанија денес не би можела да функционира. Преку беспрекорен интернет и врвни телекомуникациски услуги, корисниците добиваат поголема ефикасност да ги извршуваат своите операции и да ја зголемат својата продуктивност. Во оваа насока е и новото портфолио на мобилни тарифи на А1 Македонија, кое на корисниците им нуди супериорен пакет на услуги, со голем број бенефиции, во согласност со нивните потреби за стабилност во поврзувањето и неограничена комуникација за водење на своите бизниси во секое време, додека се во земјата и во странство.
Новото А1 Business Ultra портфолио на мобилни тарифи за деловните постпејд корисници е креирано да обезбеди голем број придобивки за компаниите.
A1 Business Ultra има 5 нови тарифни модели за корисници што ќе активираат нови или ќе ги обноват своите постојни мобилни линии на 24 месеци како и еден тарифен модел без договорна обврска – A1 Business Ultra SIM.
Сите тарифни модели, покрај вклучените неограничени национални разговори и СМС, бесплатни национални GB и други поволности, преку апликацијата Мојот А1 на корисниците им овозможуваат и користење на опцијата Пакет по избор, со која секој месец можат да се избираат бесплатен пакет за меѓународни разговори, интернет или разговори во роаминг. Тарифите A1 Business Ultra M, A1 Business Ultra L и A1 Business Ultra XL имаат можност за неограничен 5G интернет, како и дополнителен бенефит за услугата Roadside Assistance – Помош на пат, со промотивен бесплатен период од 3, 6 или 12 месеци во зависност од тарифата. Услугата Roadside Assistance – Помош на пат претставува асистенција и поправка на возила до 3,5 тони. Оваа услуга овозможува користење помош на пат во случај при дефект на возилото, невнимателно ракување, но и надворешни влијанија или сообраќајни незгоди.
Деловните корисници можат да потпишат договор за некој од тарифните модели на A1 Business Ultra заедно со фиксните услуги од A1 Combo Business, а во промотивниот период за договор за A1 Combo Business M со две мобилни линии од A1 Business Ultra M, имаат можност за искористување субвенција за набавка на уред од 33.000 денари во согласност со нивните потреби.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник - најпосакуван работодавач за 2024 година

Владимир Мартиновски: Во сонетниот венец „Часови без часовник“ се преплетуваат љубовта и нештата што ме загрижуваат

„КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници! - Доделени наградите „Златно Тркало 2025“
Постот никогаш не бил посладок – Откријте го совршениот додаток за кафе во Имлек Оаза

Десет години трансформација: Philip Morris International го објави Извештајот за одржливост за 2024 година

Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
