Скопје доби ново место кое ги поместува границите на возбудливата забава – се отвори „Gold Slot Club“
Објавено во: Мои пари 02 Ноември, 2024
Скопје ја доживеа најмагичната ноќ за оваа година – фасцинантното отворање на казиното „Gold Slot Club“, кое беше крунисано со извонреден перформанс на првото македонско кабаре шоу „Gold Felicia“.
„Нашиот успех се должи на постојаното модернизирање во тек на светските трендови во нашето работење. Исклучително ни е важно да им понудиме незаборавна забава на нашите клиенти и токму затоа овациите на присутните на овој настан, што се одржа по повод отворањето на новото казино „Gold Slot Club “ во Скопје, беа потврда за нашите заложби. Неизмерно сме среќни што го постигнавме она кон кое целевме“, нагласи Елена Трајчевска, маркетинг директор.
Присутните имаа можност да уживаат во брилијантната изведба на прекрасната Лаура и нејзиниот бенд и да освојат вредни награди.
Воодушевувачките изрази на лицата на присутните беа доказ за атрактивноста на новото место кое нуди посебно искуство и незаменливи моменти за сите посетители.
„Сакаме луѓето да почувствуваат адреналин, да уживаат во раскошот што го создадовме само за нив и токму затоа сакавме ова отворање, што е предвесник на сите идни настани на ова место, да ја прикаже возбудата што ќе ја доживуваат посетителите“, наведе Благој Наумовски, менаџер.
Новото казино се наоѓа на Качанички пат (Хасан Приштина 55) и отсега панатаму постојано ќе приредува изненадување за сите постетители.
Објектот е опремен со најмодерни апарати и ексклузивен ентериер што им овозможува на клиентите да се чувствуваат како да се наоѓаат во лулката на забавата – волшебниот Лас Вегас.
„Gold Slot Club “ е место што е создадено за оние кои имаат префинет вкус, знаат како да го уживаат животот и да создаваат незаборавни спомени.
„Gold Slot Club “
пр објава* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.