И оваа седмица не очекуваат врнежи од снег
Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2017 08:25
Времето денеска ќе биде стабилно, променливо облачно со сончеви периоди особено на североисток и со слаб ветер од југоисточен правец.
По котлините ќе има појава на слаба магла и ниска облачност. Од доцните вечерни часови ќе започнат врнежи од снег на југозападот на Македонија.
Утринските температури се движат во интервалот од -12 Целзиусови степени во повисоките региони, до -2 степени на југот. Дневните максимални температури, пак, ќе бидат во плус, и тоа од 1 до 5 степени.
Во Скопје и околината утринската темпратура е -6 степени, а дневната ќе достигне 1 степен.
До крајот на денот ќе биде стабилно со се поголема облачност. Претпладне понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла.
Од вечерните часови, а потоа и во вторник и среда ќе има повремени врнежи од снег.
Во вторник преку денот на југоисток повремено врнежите ќе се од дожд. Од четврток малку покачените утрински температури повторно ќе опаднат, а преку денот ќе има се повеќе сончеви периоди.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




