И по вакцината ќе носиме маски, тврди Фаучи
Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Ноември, 2020
Со вакцината која има ефикасност повеќе од 90 отсто може да се чувствуваме многу подобро, вели Антони Фаучи, водечкиот стручњак на американската влада за заразни болести.
Фаучи во интервју за CNN изјавил дека било која вакцина против ковид-19 ќе биде дополнителен слој на заштита.
„Но, сепак би им препорачал на луѓето, откако ќе се вакцинираат да не ги отфрлат останатите јавноздравствени мерки како што се миење на рацете, носење маска и држење дистанца“, рекол Фаучи.
Во светот има над 55 милиони заразени со коронавирусот.
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди денес дека само вакцината нема да биде доволна за да се победи пандемијата на коронавирус.фото ЕПА* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.